Општествени потреби

Поради зголемента мобилност и миграција на населението од европски и нееевропски држави, европските општества и образовните системи стануваат с# повеќе мултикултурни и повеќејазични.
Според достапните податоци, меѓу групите мигранти само 32 % од возрасните се со напредна основна писменост, а само 13 % го знаат јазикот на земјата во која се преселиле (Евростат, ЕУ-ЛФС (2014)). Образовните институции и тие кои се едуцираат се соочуваат со два предизвици: првиот, овозможување на новодојденците да го научат јазикот на образованието што е можно поскоро и вториот, да им помогнат да го зачуваат својот мајчин јазик. Иако овие предизвици, главно, се решени на ниво на јавна политика и законодавство, не секогаш се применуваат ефикасно во секојдневната училишна практика. Ваквата ситуација може да доведе до отежнат пристап до образованието, предвремено напуштање на училиштето и, генерално, намалени можности за развој на сите потенцијали на оние ученици што имаат различно културно и јазично потекло од она на кое се одвива образованието. (На пример, мигранти, баратели на азил, индивидуални национални малцинства, како што се ромските национални малцинства итн.). Наведените групи, според тоа, може да се сметаат како посебна група ученици со неповолна положба (УНП) споредено со другите ученици во образовниот систем. За да се создадат услови за поефективно образование на оваа група ученици, потребно е да им се дадат поголеми можности за учење, а оние кои ги едуцираат (наставници, професионални асистенти, директори, волонтери) да се здобијат со дополнително знаење и вештини.

Основна цел на проектот

Големиот потенцијал за ефикасно образование потекнува од познавањето на можностите за развој на писменоста и јазичните вештини во сите видови учење: не само во формалното учење во училиштето, туку и во неформални и информални ситуации. Овој проект е насочен кон развивање можности за развој на писменоста и владееење со јазикот во сите видови учење што, исто така, поттикнува меѓусекторско поврзување на училиштата, универзитетите, невладините организации и слично. Иновативноста на проектот се рефлектира во трансдисциплинарниот пристап кон учењето и во фокусираноста на сите видови учење: формално, неформално и информално. Трансдисциплинарниот пристап вклучува познавање на јазикот и развој на писменоста преку реализација на различни активности: јазични, визуелни, музички, драмски, физички и други.

Планирани резултати на проектот

Во текот на спроведувањето на проектот ќе бидат изработени трансдисциплинарни материјали за развој на писменоста и учење на јазикот за млади ученици во неповолна положба. Создадените материјали ефикасно ќе може да се применат во сите видови учење: формално, неформално и информално.
Проектот има четири очекувани резултати:
• Збирка примери на добра практика за развој на писменоста и учење на јазикот
• Компјутерска база на трансдисциплинарни активности за развој на писменоста и учење на јазикот
• Компјутерска база на податоци за поттици за реализација на трансдисциплинарните активности
• Прирачник за наставници/воспитувачи/едукатори

Изработените материјали и активности за развој на писменоста ќе бидат достапни на четири јазици (англиски, хрватски, словенечки и македонски) на веб-страницата на проектот, а во образовната практика ќе бидат применети со реализација на осмислени активности на ниво на основно и на високо образование. Преку активности за дисеминација (семинар, работилници, база и медиуми), проектот ќе им обезбеди на наставниците и на другите едукатори нов, иновативен и ефикасен материјал за учење на јазикот и за развој на писменоста.

Партнери во проектот

Партнери во проектот се четири институции од три земји:
Хрватска: Универзитетот во Загреб, Учителскиот факултет и Основното училиште „Иван Гундулиќ“
Словенија: Универзитетот во Марибор
Македонија: Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“во Скопје, Педагошкиот факултет „Св. Климент Охридски“
Со оглед на тоа што партнери во проектот се високообразовни институции кои се вклучени во образованието на наставниците на различни нивоа, како и со оглед на тоа што постојат разлики во образовните системи на нивните земји, размената на знаења и искуства меѓу партнерите во проектот ќе донесе нови перспективи на темата развој на писменоста за ученици во неповолна положба.

Очекувано влијание на проектот

Проектот ќе им обезбеди на заинтересираните страни увид во различните модели на вклучување на децата во неповолна положба во образовните системи во различни земји, што може да поттикне промени во националните образовни системи. Севкупно, проектот ќе ги зголеми компетенциите на наставниците и свеста за важноста на неформалните и информалните ситуации за поефикасна едукација на учениците кои се јазично и културно во неповолна положба. Притоа, важно е да се надминат рамките на наставата во училиштата и фокусирање на учење во целокупното опкружување во кое живеат овие ученици.

Skip to content