Д-р Катарина Аладровиќ Словачек е доцент на Учителскиот факултет, при Универзитетот во Загреб, на Катедрата за хрватски јазик, литература, изведувачки уметности и медиумска култура; областите на научна и наставна работа: рано учење и поучување на мајчин јазик, развој на јазични компетенции, учење на хрватски како втор јазик, развој на методологија за изучување на јазиците на децата. Таа во моментот е вклучена во имплементација на два проекта, а досега била активно вклучена во шест проекти поврзани со стекнување, учење и поучување на хрватски јазик.
Д-р Лидија Цвикиќ е вонреден професор на Учителскиот факултет, при Универзитетот во Загреб. Нејзиниот научен интерес е усвојување на хрватскиот како втор, странски и наследен јазик, едукација на мигранти и малцинства, јазична политика во образованието и е-учење на јазиците. Учествувала во бројни национални и меѓународни истражувачки проекти за повеќејазичност и учење странски јазик. Таа е коавтор на прирачник и е-курс за изучување на хрватскиот јазик како J2. Од 2017 година, таа е член на Националниот совет за учење и поучување на хрватскиот како втор, странски и наследен јазик.
Кристина Хорват-Блажиновиќ е вонреден професор на Учителскиот факултет, при Универзитетот во Загреб, во моментот реализира докторски студии на Академијата за ликовни уметности во Загреб. Таа е член на Хрватското друштво за ликовни уметници. До крајот на средното училиште учествувала во Школата за анимиран филм – Чаковец. Дипломирала на групата Сликарство и магистрирала во областа – видео на Академијата за ликовни уметности и дизајн во Љубљана. Нејзините дела вклучуваат слики, тродимензионални предмети, мултимедијални инсталации, компјутерска графика, видео, анимиран филм, театарски кукли и перформанси. Нејзината работа покажува влијанија од широкото поле на визуелната култура и новите медиуми, често користи слики, симболи и секојдневни предмети во контекст на популарната култура и мас-медиумите.
Д-р Предраг Орешки е вонреден професор на Катедрата за информациски науки на Учителскиот факултет, при Универзитетот во Загреб. Како истражувач учествувал во повеќе научни проекти. Тој е член на редакцијата на „Хрватскиот часопис за одгој и образовање“. Објавил две научни монографии (книги) и повеќе од 20 научни трудови од областа на софтверското инженерство, бесплатниот софтвер со отворен извор, веб-технологиите, е-учење, информатичката и компјутерската писменост и примена на информатичко-комуникациската технологија во образованието.
Д-р Тамара Турза-Богдан е вонреден професор на Учителскиот факултет, при Универзитетот во Загреб. Ја проучува кајкавската литература и дијалект во наставата, влијанието на идиомите во развивањето на комуникациската компетентност на децата, методологијата на учење на стандардниот јазик со употреба на идиоми и хрватскиот како немајчин јазик. Коавтор е на читанки за основните училишта и автор е на научната монографија „Кајкавскиот дијалект во наставата на хрватски јазик: Прилози за основно образование“. Учествувала во бројни национални и меѓународни истражувачки проекти за повеќејазичност во образованието. Таа е координатор на проектот ЕРАЗМУС + ДЕАЛ.
Д-р Владимирa Велички е вонреден професор на Учителскиот факултет, при Универзитетот во Загреб, каде што реализира предавања од областа на Методика на хрватски јазик и литература, Образование за љубезност. Нејзините главни професионални интереси се во областа на методиката на литературата и хрватскиот јазик, развојот и поттикнувањето на говорот, хрватскиот како странски јазик, влијанието на медиумите врз рецепцијата на книжевните дела, воспитанието и однесувањето, како и логотерапијата. Има објавено голем број научни и стручни трудови, неколку стручни книги и научна монографија „Раскажување приказни – создавање приказни. Враќање на изгубениот говор“. Учествувала на бројни научни и стручни конференции во земјата и во странство како излагач и поканет предавач. Таа е автор и коавтор на учебници за хрватски јазик и литература за основното образование.
Д-р Јелена Вињејевиќ е доцент на Учителскиот факултет, при Универзитетот во Загреб. Предава предмети од областа на хрватската лингвистика со кои учениците ги развиваат своите јазични компетенции и предмети од областа на детскиот јазичен развој, каде што децата од рана и предучилишна возраст развиваат компетенции за следење и збогатување на јазичниот развој. Нејзините научни интереси се поврзани со хрватскиот јазик, за владеење на децата со хрватскиот јазик и историјата на писменоста. Учествувала на бројни научни конференции во Хрватска и во светот, објавила дваесетина научни трудови и коавторски учебници за хрватски јазик и литература.
Зоран Ќоркало е роден 1968 година во Шибеник. Дипломирал 1999 година на Филозофскиот факултет во Задар со што се стекнал со звањето професор по хрватски јазик и литература. За време на своето 20-годишно работно искуство како наставник во основните училишта и како професор во Загрепската класична гимназија, се стекнал со искуство и различни знаења од областа на образованието. Од 10 април 2017 година работи во Основното училиште „Иван Гундулиќ“ како директор.
Хајналка Драганиќ, одделенски наставник, е родена 1969 година во Бачка Топола, каде што завршила основно и средно училиште. Своето образование го продолжила во Суботица на Педагошката академија, стекнувајќи титула – наставник за одделенска настава на унгарски јазик. По завршувањето на студиите, една година работела во училиште во мало село, по што се преселила во Загреб. Во 1996 година започнува да работи во Основното училиште „Иван Гундулиќ“ во двојазичната хрватско-унгарска комбинирана паралелка каде што работи и денес. Таа е активна во унгарската заедница во Загреб како член на претседателството на МКД „Ади Ендре“ и е член на Унгарскиот национален малцински совет на градот Загреб.
Иван Игиќ е роден 1993 година во Загреб. Тој е одделенски наставник во програмата за продолжен престој во Основното училиште „Иван Гундулиќ“. За време на студиите и работата во училиште, тој се стекнал со искуство во поучување ученици од различни возрасни групи, но и ученици на кои хрватскиот не им е мајчин јазик.
Сања Миjaтовиќ е професор по хрватски јазик во Основното училиште „Иван Гундулиќ“ (предметна настава). По основното училиште и јазичната гимназија, ги завршува диплимските студии на Хрватистика (педагошки оддел) на Филозофскиот факултет во Загреб. За време на студиите и во текот на работата во училиште, се стекнува со искуство во поучување ученици од различни возрасни групи, како и ученици чиј мајчин јазик не е хрватскиот.
Искра Османчевиќ е родена 1960 година. Дипломирала компаративна книжевност и библиотекарство на Филозофскиот факултет, при Универзитетот во Сараево. По завршувањето на студиите, ја завршува и педагошко-дидактичката група на предмети за работа во училиште. Работела како професор по хрватски јазик и како библиотекар во основните училишта на островот Хвар и во градот Загреб. Во последните петнаесет години работи како библиотекар во две основни училишта каде што е вклучена во разни проекти.
Д-р Јожица Чех Стегер е редовен професор по словенечки јазик и литература на Филозофскиот факултет, при Универзитетот во Марибор. Нејзини главни области на дејствување се теми од словенечката литература од 19 и 20 век, со акцент на стилистиката во словенечката поезија и кратката проза, теоријата на метафората и симболите и словенечко-германската книжевна врска. Во последната деценија, нејзиното истражување се фокусира на екокритиката и мултикултурализмот, особено на сликата за себе и за другиот/странското во словенечката и австриската литература. Учествувала во бројни проекти на оваа тема.
Д-р Драгица Харамија е редовен професор за предметот „Литература за деца“ на Универзитетот во Марибор. Предава на Филозофскиот факултет и на Учителскиот факултет. Основното поле на нејзиното истражување е поврзано со литературата за деца: теорија и видови детска проза во историјата на словенечката литература за деца. Учествувала во бројни проекти на оваа тема.
Д-р Симона Пулко е доцент по словенечки јазик на Филозофскиот факултет, при Универзитетот во Марибор. Во фокусот на нејзиното научно истражување се јазичните теми и методологијата на словенечкиот јазик и јазичната култура. Во последната деценија нејзиното научно истражување се однесува на социолингвистиката, варијантите и јазикот на младите луѓе и учењето словенечки јазик како странски јазик за мигрантите. Учествувала во бројни проекти на оваа тема.
Д-р Мелита Земљак Јонтес е вонреден професор по словенечки јазик на Филозофскиот факултет, при Универзитетот во Марибор, Катедра за словенски јазици и литература. Ги истражува прашањата за словенечката дијалектологија и јазичната култура. Во последната деценија, претежно е вклучена во проучувањето на поврзаноста меѓу социјалните јазични варијанти на младите луѓе и учењето словенечки јазик како странски јазик за мигрантите. Учествувала во бројни проекти на оваа тема.
Д-р Лулзим Адеми е професор по предметите Албански јазик и Методика на албанскиот јазик на Педагошкиот факултет „Св. Климент Охридски”, при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје. Ги истражува прашањата поврзани со албанската лексикологија и лексикографија, како и општата лингвистичка култура и стандардната и современата употреба на албанскиот јазик. Учествувал како изготвувач, член, евалуатор, супервизор и ментор во неколку национални и меѓународни проекти. Неговите дела се објавени на повеќе научни конференции и списанија.
Д-р Елизабета Бандиловска е професор по македонски јазик на Педагошкиот факултет „Св. Климент Охридски“, при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Таа истражува прашања што се однесуваат на македонската лексикологија и лексикографија, како и на општата јазична култура и стандардната употреба на македонскиот јазик. Авторка е на две книги од областа на македонската лексикологија. Коавторка е на два учебници од областа на македонскиот јазик. Коавторка е во шесте тома „Толковен речник на македонскиот јазик“. Учествувала во неколку проекти кои ги опфаќаат наведените истражувачки теми.
Д-р Билјана Камчевска е редовен професор по Методика на наставата по запознавање на околината, природата и општеството и Методика на работа со надарени деца на Педагошкиот факултет „Св. Климент Охридски”, при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје. Автор е на универзитетски учебник, неколку монографии, прирачници, учебници за ученици од основното училиште, како и на бројни научноистражувачки трудови објавени на национални и меѓународни научни конференции. Учествувала во креирање и развивање на национални наставни планови за деца од основно и за предучилишно образование и во неколку национални и меѓународни истражувања.
Д-р Весна Макашевска е редовен професор по Методика на математика на Педагошкиот факултет „Св. Климент Охридски”, при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје. Ги истражува прашањата за раното математичко образование, методичките концепти во математичкото образование, истражување и примена на стратегиите за настава и учење математика. Автор е на повеќе книги, универзитетски учебници, прирачници за предучилишни и основни училишта, како и на научноистражувачки трудови објавени на научни конференции. Учествувала во неколку национални и меѓународни истражувања.
Д-р Маја Рауник Кирков е редовен професор по Методика на ликовно образование на Педагошкиот факултет „Св. Климент Охридски”, при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје. Ги истражува прашањата што се однесуваат на ликовното образование во раната возраст, визуелната писменост и примената на современите визуелни техники во ликовното образование. Автор е на два универзитетски учебници, прирачници за предучилишно воспитание, како и на научноистражувачки трудови објавени на научни конференции. Учествувала во неколку едукативни истражувања, како и на повеќе од 100 меѓународни ликовни изложби.
Д-р Емиљ Сулејмани е редовен професор по Социологија на образованието и Религиски системи на Педагошкиот факултет „Св. Климент Охридски”, при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје. Ги истражува прашањата поврзани со етика, естетика и социологија во современите едукациски процеси. Автор е на три универзитетски учебници. Во текот на долгогодишната дејност од областа на социологијата има објавено голем број научни трудови во релевантни меѓународни и домашни списанија. Бил учесник и раководител на неколку меѓународни и домашни научноистражувачки проекти.