Вториот состанок на меѓународниот проект Еразмус+ К2 „Развој на писменоста и учење на јазикот за учениците во млада возраст во неповолни услови“ (Erasmus+ K2 2018-1-HR01-KA201-047499) се одржа на 13 и 14.3.2019 г. на Педагошкиот факултет „Св. Климент Охридски“ – Скопје, на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.
На состанокот присуствуваа по двајца претставници од секој партнер во проектот: проф. д-р Драгица Харамија и проф. д-р Мелита Земљак-Јонтес од Филозофскиот факултет при Универзитетот во Марибор, проф. д-р Лидија Цвикиќ и проф. д-р Тамара Турза-Богдан од Учителскиот факултет при Универзитетот во Загреб, Хајналка Драганиќ и Иван Игиќ од Основното училиште „Иван Гундулиќ“ во Загреб и сите членови на проектниот тим на домаќините, Педагошкиот факултет „Св. Климент Охридски“: проф. д-р Лулзим Адеми, проф. д-р Елизабета Бандиловска, проф. д-р Билјана Камчевска, проф. д-р Весна Макашевска, проф. д-р Маја Рауник Кирков и проф. д-р Емиљ Сулејмани.


Во текот на дводневната работа учесниците во проектот ја анализираа својата работа и се договорија за временскиот план на работа на следните интелектуални резултати: Трансдисциплинарни активности за развивање на писменоста (ИО 2) и База на податоци на трансдисциплинарни материјали за развивање на писменоста (ИО3). Заеднички беа дефинирани и критериумите за избор на активностите за развивање на писменоста, можните ситуации и начинот на формулирање. Резултатите на договорите се претставени во документи кои ќе им послужат на сите учесници во проектот во осмислувањето на активностите и структурирањето база на податоци со материјали за реализација.


Покрај тоа, договорен е и начинот на дисеминација на проектот, претставување на Збирката на добри пректики во јавноста и на социјалните мрежи. На завршниот состанок е направен и временски план за натамошната работа на проектот, како и за начинот на комуникација. Сите учесници се согласија дека досега работата се реализираше во инспиративна, работна и пријатна атмосфера, а сите недоумици и прашања успешно се решаваа заеднички. Врз основа на досегашната соработка е изразено задоволството од поврзувањето во проектот околу темата која се однесува на развојот на јазичната писменост за деца во неповолна положба.

Tamara Turza-Bogdan

Втор транснационален состанок на проектниот тим: Работата продолжува, Скопје, 13 – 14.3.2019 г.
Skip to content