Работа на активностите за развој на писменоста и јазичните вештини – иновативност и трансдисциплинарност во сите форми на учење
Третиот состанок на меѓународниот проект Еразмус+ К2 „Развој на писменоста и учење на јазикот за учениците во млада возраст во неповолни услови“(Erasmus+ K2 2018-1-HR01-KA201-047499) се одржа на 2 и 3.10.2019 г. на Педагошкиот факултет „Св. Климент Охридски“ – Скопје, на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.
На состанокот присуствуваа по двајца претставници од секој партнер во проектот: проф. д-р Симона Пулко и проф. д-р Мелита Земљак-Јонтес од Филозофскиот факултет при Универзитетот во Марибор, проф. д-р Лидија Цвикиќ и проф. д-р Тамара Турза-Богдан од Учителскиот факултет при Универзитетот во Загреб, Хајналка Драганиќ и Сања Миљатовиќ од Основното училиште „Иван Гундулиќ“ во Загреб и сите членови на проектниот тим на домаќините, Педагошкиот факултет „Св. Климент Охридски“: проф. д-р Лулзим Адеми, проф. д-р Елизабета Бандиловска, проф. д-р Билјана Камчевска, проф. д-р Весна Макашевска, проф. д-р Маја Рауник Кирков и проф. д-р Емиљ Сулејмани.
Во текот на дводневниот состанок учесниците во проектот ја анализираа својата работа и се договорија за временскиот план на работа на следните интелектуални резултати: Трансдисциплинарни активности за развивање на писменоста (ИО 2) и База на податоци на трансдисциплинарни материјали за развивање на писменоста (ИО3). Беа анализирани околу шеесетина активности за развој на писменоста и јазичните вештини. Врз основа на заедничка анализа некои од активностите се отфрлија, одредени беа прифатени, а беше договорено да се осмислат и нови активности. Основни критериуми во анализата на активностите беа: иновативност, трансдисциплинарност и сите форми на учење (формално, неформално и информално). Во однос на наведените критериуми, учесниците направија пример на активност: „Вртелешка на зборови“.
На состанокот беше договорена и натамошната дисеминација на проектот во јавноста и на социјалните мрежи. Направена е контрола на квалитетот на едногодишната работа на проектот, партнерите беа известени за предадениот Годишен извештај и е договорен временски распоред на проектните активности. Нашите домаќини од Скопје се потрудија да бидат гостопримливи, па содржајната и напорна тимска работа помина во пријатна атмосфера.